Предлог-законот за медиумите денеска пред пратениците

Денеска Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 66. седница.

Ќе се дискутира за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог-законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика, сите во второ читање.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, по скратена постапка, Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данокот од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ П.О. Скопје, во прво читање.

Треба да бидат разгледани Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Предлог-законот за индустриски - зелени зони, Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог-законот за медиуми, сите во прво читање.

На 66. седница треба да бидат разгледани и повеќе други закони во прво читање, ратификации на договори и годишни извештаи.

најчитано сега