ФОТО: Република Илирида преку Твитер му даде поддршка на Заев и се приклучи кон протестите

 

На својот Твитер профил Република Илирида му даде поддршка на Заев употребувајќи го хаштагот #протестирам, кој е симбол на Шарената револуција, организирана од СДСМ и Сорос, пишува Курир.мк

Пред точно една година, на кобниот 9-ти мај во кумановската населба „Дива населба“ згасна животот на осум македонски херои, кои бранејќи ја својата татковина ги положија своите животи при полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група.

Денеска, додека цела Македонија тагува и сочувствува со семејствата на загинате, семејството на командантот на УЧК Шкипоња ја даде поддршката за протестите на СДСМ, СОРОС, БЕСА и најави дека ќе се приклучи.

-Во име на семејството Шкипоња, силно ги поддржуваме протестите на 9 мај против сите предавства и грабежи кои им се направени на луѓето во Илирида, стои во пораката илустрирана со фотографија од семејството со знаме на УЧК, униформи и албански симболи.

familja-shqiponja-640x3601

Своја поддршка даде и т.н. Република Илирида.

-Една година од борбата и предавството во Диво Насеље, напишаа тие на нивниот Твитер профил, на кој е употребен хаштагот #протестирам, со што јасно и јавно се дава поддршка за деструктивното сценарио на Заев и насилните протести на Шарената револуција, организирани од СДСМ и Сорос.

ilirida

 
 
09.05.2016 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега