Од утре пекол во Македонија - температури до 40 степени

Од утре се очекува Македонија повторно да ја зафатат пеколни горештини. Се предвидува дека во недела температурата ќе достигне максимални 40 степени.

Од утре во Македонија следува сончево и топло време, а температурите постојано ќе растат. Најтопло се очекува да биде во текот на наредниот викенд кога  температурата ќе достигне и 40 степени целзиусови.

Утре се очекуваат температури до 35 степени.

Инаку, во текот на денешниот ден во Македонија ќе биде сончево и топло со температури до 33 степени. Во Скопје слично време со температури до 31 степен.

ФОТО: Сител

најчитано сега