Пијте многу течности и носете лесна облека - еве како да се заштитите од горештините

Оваа недела температурите во Македонија ќе се искачат и до 40 степен. Најтопло ќе биде за време на претстојниот викенд. Еве како да се заштитите од горештините:

Пред употреба задолжително миење на земјоделските, градинарските производи, како и термичка подготовка на храната и нејзина консумација веднаш по подготовката. Воедно, избегнувајте производи кои термички не се обработени како на прмер мајонези од домашни јајца, а внимателно и со консумација на сладолед и разни кремови. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер. 

Ако има можност за тоа не излегувајте во период од 10 до 17 часот, а избегнувајте и напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. 

Исто така, носете лесна и светла облека, а пијте и многу течности. Туширајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. 

ФОТО: Плусинфо