Доаѓа разведрување - какво време не очекува во наредните 10 дена
Попладне очекуваме можност за сосема слаб и краткотраен дожд на потегот од полошката котлина се до осоговскиот регион на север, а приквечер повремен локален дожд е можен во југоисточниот крај.
Мала веројатност за врнежи ќе има и во јужниот дел на Пелагонија.
Денот ќе биде потопол во однос на вторник. Највисоката вредност на дневната температура ќе биде во границите помеѓу 23°С и 25°С во котлините во западниот крај, како и во повисокиот регион на истокот. Долж повардарието и североисточниот крај се очекува максимална околу 26°С, додека југоисточниот крај очекува максимална околу 27°С.
Во Скопје ќе биде сончево претпладне. Попладне облачноста минимално ќе се зголеми, со мали шанси за дожд. Максималната температура ќе достигне вредност околу 25°С.
Од наредната недела се најавува разведрување но и пониски температури кои ќе растат како што ќе се наближува викендот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа