Вељаноски: Немам уставни можности да го свикам Собранието

 

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска повтори дека нема уставни можности да свика седница на распуштено Собрание.

- Ја следам ситуацијата во Македонија овие два дена. Запознат сум со случувањата и сите тие барања пред Собранието и за самото Собрание и би сакал да го повторам оној општ став познат што го имав досега искажано дека јас немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание. Тоа е основото правило на еден уставен и правен поредок на која било држава вклучувајќи и ја и Република Македонија, изјави Вељаноски, запрашан за актуелната политичка состојба денеска во Рим каде што ја предводи македонската делегација по повод чествувањето на свети Кирил.

 
 
16.05.2016 - 13:27
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега