Следи најголемото поскапување на горивата во Македонија од почетокот на годината

Цената на нафтата на светските берзи руши рекорди. Во текот на вчерашното тргување, најбараниот енергенс ја достигна највисоката вредност во изминатите 6 месец. Барел американска лесна нафта за испорака во јули сега чини 48,62 центи, а барел европска нафта од типот „брент“ кој се увезува и во Македонија се продаваше за 48,77 долари за барел.
Во Македонија последната корекција на малопродажните цени се случи вчера, па ние од полноќ возиме за половина денар поевтин бензин. Но последните цени покажуваат дека за две недели, ако продолжи ваквиот тренд најверојатно ќе следи најголемото поскапување во последните неколку месеци. Моменталната цена на барелот нафта е за повеќе од 5 долари повисока од онаа врз основа на која се формираа вчерашните цени. И промената во курсот на денарот во однос на доларот вели дека цените ќе одат нагоре.
Единствено што е добро, во оваа ситуација е што до наредната корекција има уште цели две недели што е доволно простор за ново намалување на цените.

 
 
17.05.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега