Се дават, се повредуваат - спасувачите на вода во Охрид интервенираат по 7 пати дневно

Над 150 интервенции на укажување на прва помош при посериозни повреди и уште 9 излекувања на давеници од одеите на езерото, Спасувачите во Охрид и Струга со полни раце работа. 

 Во Струга педалинки и скокање од платформи, во Охрид лица кои послабо пливале па побарале помош за спасување, а во Дојран исто така послаби пливачи на кои се интервенирало. Морам да апелирам , во Струга имаме најголем проблем со педалинките. Оние кои ги издаваат како и оние кои ги земаат под наем пловните објекти и оние реквизити кои се користат за рекреција на капалиштата мора да бидат претпазливи и да водат грижа за нивната исправност - вели Сашо Точко од Црвен крст - Охрид

ТВ Алфа извести дека не се почитува ниту зараната за возење скутери, по што спасувачите интервенирале до надлежните на 18 различни локации

најчитано сега