ФОТО: Автомобилот смачкан - пожарникари го ваделе телото на починатата прилепчанка

Една жена загина на лице место,  а маж е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска, во еден часот по полноќ во Прилеп. Автомобил “опел астра“, од засега непознати причини удрил во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај Сточното Пазариште во Прилеп и паднал во реката.

На местото на несреќата за жал загинала 35 годишната Јулијана Ујгуноска од селото Боротино, чие тело го ваделе пожарникарите, а нејзиниот сопруг, 43 –годишниот Рубинчо е префрлен во грдската болница во Прилеп со тешки повреди.

 
Наредена е обдукцијата врз телото на починатата жена.
 
 
 
30.05.2016 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега