Чауш бара ослободителна пресуда за Фабриката за афери на СДСМ

Денеска продолжи судењето на Захир Бекири Чауш за „Фабриката за лични карти“. Бекири кој се најде на обвинителната клупа, во своите завршни зборови денеска во судницата изнесе низа обвинувања кон највисокото раководство на македонското Министерство за внатрешни работи. 

Одбраната на Захир Бекири Чауш денеска побара ослободителна пресуда и останува на ставот дека компјутерите кои беа пронајдени кај него се подметнати.

Пресудата ќе биде изречена утре во 9 часот и 30 минути.

Чауш стана познат во јавноста како организатор на Фабриката за афери на СДСМ. Важи за близок човек на Зоран Заев, а лидерот на СДСМ во повеќе наврати призна дека тој е член на СДСМ со кого имал соработка. Во јавноста се појавија и фотографии на Заев со Чауш направени во централата на СДСМ на Бихаќка.

Во претресот на домот на Чауш во декември минатата година беа откриени повеќе од 70.000 снимени разговори, а кои, според сознанијата на истрагата, требало да бидат употребени како материјал за уценување лица од бизнис­ секторот и од политичката сцена во земјава. Чауш, како што покажа истрагата, бил во честа комуникација и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и со техничкиот министер во МВР од редовите на опозицијата – Оливер Спасовски.

Подоцна, во рамките на истрагата во нови претреси на седум локации во Скопје и во околината беа најдени неколку парчиња оружје, лаптопи, мобилни телефони, електронски мемориски уреди и разна документација со лични податоци на граѓани.

 
 
30.05.2016 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега