Оженете се со некој од овие хороскопски знаци и освојте џек-пот!

Доколку се двоумите дали вашиот партнер е вистинскиот, а тој е од овие три хороскопски знаци, планетите велат дека е совршен за брак.

Лав

Припадникот на овој знак е опруг кој бара многу внимание, а доколку сака тој може да биде најдобриот опруг на светот. Тој мора да знае дека приоритет на сопругата и е да му докажува колку го сака и посакува. Како партнер не е ригорозен, а обично со него работите остануваат онакви цел живот како што ќе ги поставите на смиот почеток. Всушност тој е дете кое сака да се забавува, па сака жена која во себе има доза на спонтаност и непредвидливост.

Риби

Припадникот на овој знак како да е создаден за сопруг – способен е да и се посвети на сопругата која ја сака и да и ја даде целата своја љубов не стравувајќи дека тоа ја загрозува неговата машкост или пак го чини послаб. Сака да поминува време со семејството, а е еден од најверните хороскопски знаци. Сепак, истиот ангажман го бара и од другата страна – сака жена која знае да му покаже колку тој и значи во секојдневниот живот. Не поднесува кавги и е мирољубиво настроен, а ако нешто го мачи најчесто ги собира фрустрациите додека не „пукне“.

Бик

Припадникот на овој знак обично се жени откако ќе ги има сите предуслови – работа, решено станбено прашање…Тој е посветен сопруг, а обично е нежен. Не е баш ангажиран при куќните обврки, но тоа го надоместува со напорна работа. Бара жена со високо либидо, бидејќи е многу страствен. Во бракот често се здебелува, па треба некој да го поттикне на движење и диета.

 
 
30.05.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега