Анастасија прв пат јавно прозборе за роденденот: Ме исмеваа ама...

Роденденот на Анастасија Ражнатовиќ беше топ тема периодов во медиумите низ регионот. Некои едвај го дочекаа, други се исмеваа, но едно е сигурно, Анастасија не се грижи кој што вели, најважно и е дека гостите добро си поминале.

Таа гостуваше кај Ами Џи каде раскажа се за исмевањето и за роденденската журка.

- Јас сум презадоволна, најважно ми е што моето семејство и пријатели си поминаа супер. Тоа беше замислата. Не би требало толку да се зборува за роденденот, не го очекував тоа, но добро, луѓето секогаш зборуваат, вели Анастасија.

Таа вели дека има и негативни и позитивни коментари за неа особено на социјалните мрежи, секако и годи тоа што и ласкаат, но не се грижи премногу за коментарите.

 
 
01.06.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега