Западнонилската треска ја нападна Македонија - регистриран првиот случај

Во Македонија е регистриран прв случај на западно-нилска треска. Заразена е 57-годишна жена, која не патувала надвор од Македонија. Таа е во добра општа здравствена состојба и ја прима потребната тераприја.

- Институтот за јавно здравје вчера го информираше Министерството за здравство за лабораториска потврда на прв случај на западно-нилска треска во државата. Се работи за пациентката на возраст од 57 години, која не патувала надвор од државата, а симптомите на болеста започнале со висока температура и силни главоболки. Лекувана е кај матичен лекар, по што била упатена и хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје. Во моментов, пациентката е во добра општа состојба и ја прима потребната терапија. Ова е прв случај на западно-нилска треска во државата за 2013 година, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

 

Инаку, заподнонилската треска се пренесува со каснување од заразен комареци кај најголем број заболени болеста може да помине без симптоми.

- Над 60 проценти од општините веќе реализираа акции за прскање против комарци (теристичко или авионско), а во останатите општини активностите се во тек и континуирано се спроведуваат. Во текот на оваа недела и претстојниот викенд, во координација на Министерството за транспорт и врски ќе биде спроведена поширока акција за авионско прскање во туристичките места - Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово, чешиново-Облешево. Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство редовно ја следи состојбата со ова заболување во Македонија и ги презема потребни мерки  за превенција, навремена дијагностика и лекување, се истакнува во соопштението од Министерството за здравство.

Инаку, симптомите за западнонилската треска се висока температура, треска, главоболка, мачнина, замор... Само кај еден процент може да се јават посериозни компликации како менингитис, енцефалитис, полиомиелитис-парализа... Најдобра превентива е самозаштитата преку користење креми и средства против комарци, како и  дезинсекција на јавни површини.

најчитано сега