Полицаец за малку ќе настрадаше - хаос на битолските улици

Битолчанецот И.Ж. (22)  вчера се обидел да прегази полициски службеник. Инцидентот се случил вчера околу 01,50 часот  ул.„Македонска Фаланга“ во Битола. Според информациите на полицијата,  автомобилот со кој момчето управувало на даден светлечки знак „СТОП“, се обидел да го прегази полицискиот службеник и да не застане.Во тој момент полицискиот службеник се тргнал од коловозот, а И.Ж. со голема брзина го стартувал возилото, по што изгубил контрола над истото и за да не удри во службеното возило „Шкода Јети“ бил принуден да застане. Откако застанал, истиот излегол од возилото и физички го нападнал полицискиот службеник.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Осомничениот бил приведен во полициската станица во Битола и против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 
 
02.06.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега