На кичевчанец му зариле нож во стомакот среде бел ден

Крвав инцидент ја потресе македонската јавност. Вчера среде бел ден во 16 часот и 50 минути по расправија, 40-годишниот Б.А. од селото Бачишта, кичевско, со нож го нападнал 33-годишниот А.Р. во пределот на стомакот.

Според поатоците од полицијата, по  нападот А.Р. се упатил во Медицинскиот центар Кичево, а Б.А. побегнал од местото на настанот. По кратко време насилникот е приведен и лишен од слобода од страна на полициски службеници. 

Пронајден и одземен бил ножот со кој го сторил кривичното дело.

А.Р. од Медицинскиот центар Кичево е пренесен во Медицинскиот центар Битола каде ќе му биде утврден карактерот на повредата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 
 
08.06.2016 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега