Носел цело богатство во автомобилот - филмска кражба во Куманово

Во три часот по полноќ 71-годишниот Т.Т. од Валандово пријавил дека непознати сторители извршиле кражба од неговиот автомобил на бензинска пумпа лоцирана на автопатот Табановце – Куманово.

Старецот откако наполнил гориво се паркирал на паркингот од бензинската пумпа и застанал  до совозачката врата од неговиот „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки.  Во еден момент до него дошло непознато лице и започнало разговор со него. Притоа, друго непознато лице го искористило неговото невнимание, ја отворило возачката врата и од просторот пред совозачкото седиште  одзел црна женска чанта во која имало 7000 евра, 7000 денари 15.500 српски динари, две македонски патни исправи, две книшки од банка, два мобилни телефони, златен накит и други предмети .

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на сучајот.

 
 
08.06.2016 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега