Детали за здравствената состојба на повредените полицајци

Тројца полицајци се повредени од кои двајца потешко. Ова е билансот од нападот што околу 18 часот и 30 минути врз нив бил извршен при обид за апсење на лице осудено на затворска казна на улицата „Никола Тесла“ во близина на центарот на Тетово, јавува МИА.

Според првичните полициски информации двајца од полицајците се здобиле со сериозни повреди по главите, скршеници, исекотини, отоци и слично и по укажаната лекарска помош во Тетово итно биле препратени на скопските клиники при што еден од тешко повредените е во сериозна здравствена состојба. Третиот повреден полицаец по укажаната лекарска помош во тетовската Клиничка болница е пуштен на домашно лекување, информираа извори од болницата.

Увид на местото од инцидентот по овластување на Основното јавно обвинителство извршила екипа на СВР Тетово и според последните информации дополнително ќе се разговара со повредените како и со четвртиот полицаец кој бил дел од групата и кој како придружба заминал за Скопје со повредените колеги. Полицијата презема и други мерки за откривање на идентитетот на напаѓачите и нивно пронаоѓање и приведување.

 
 
09.06.2016 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега