Бизарна несреќа во Македонија: Работник се бори за живот

Бизарна несреќа ја потресе вчера Македонија. Околу 16 часот во болницата Свети Еразмо во Охрид бил донесен 56-годишниот Д.И. од селото Зрновци, кочанско,  кој за чудо преживеал откако при вршење на градежни работи на објект во болницата, паднал од скеле во висина од 1.80, а потоа врз него паднала греда. Веднаш му била укажана лекарска помош во болницата каде доктор констатирал фрактура на неколку ребра од левата страна, контузија на глава и граден кош и фрактура на карлична коска.

Потоа како итен случај во критична состојба, со возило на Итна медицинска помо, бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
10.06.2016 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега