Се пролеа крв на улиците: Штипјанец почина на лице место

Страшна несреќа во која згасна живот ја потресе Македонија. Во Штип на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Борис Крајгер“, возило „Алфа Ромео 156“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Г.Д. удрило во велосипедист. Се работи за 59-годишниот штипјанец Б.Д. кој за жал поради сериозноста на повредите починал на лице место. Од незгодата на лице место починал велосипедистот. итната медицинска помош која пристигнала веднаш на местото на настанот не можела да направи ништо освен да констатира смрт.

Увид на местото на настанот извршиле  Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.

Возачот и сопатникот, 36-годишниот Г.М. биле пијани. Се покажало дека возачот кој го усмрти штипјанецот имал присуство на алкохол од 1,23 промили,додека кај сопатникот Г.М. е констатирано присуство на алкохол од 1,87 промили.

По наредба на Јавен обвинител ќе се изврши обдукција над телото на починатиот.

 
 
10.06.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега