Хаос во Неготино: Сакале да ограбат мигранти но се случил пресврт

Сакале да ограбат мигранти, но на крајот тие останале ограбени откако тие им го зеле возилото. 25-годишниот Е.Е. од Неготино заработи кривични за три дела и тоа „измама“, „лажно преставување“ и „разбојништво во обид“. Тој заедно со А.Б. (35) од Велес, Н.С. (22) од Велес и А.М. (29) од Неготино околу 22 часот во селото Дуброво, сретнал пет мигранти и им предложил да ги пренесе со патничко возило ,,Ауди“ до границата со Србија. Мигрантите прифатиле и за услугата му платиле 400 евра, иако насилникотза превозот побарал 1000. Потоа, еден од пријавените со своето патничко возило „Мерцедес“ ги земал мигрантите и се упатил кон Неготино, а потоа останатите пријавени облечени во полициски униформи го сопреле возилото во кое биле мигрантите по што ги извадиле од него, ги легнале на земја и почнале да ги претресуваат барајќи им пари.  Мигрантите се спротивставиле и успеале да го одземат патничкото возило „Ауди“ по што избегале.

По преземени мерки пријавените се приведени,  а од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

 
 
10.06.2016 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега