Пукање во центарот на Куманово

Паника во Куманово, непознато лице пукало со огнено оружје среде бел ден. Според информациите на полцијата , вчера околу  18:40 часот  лицето Д.Т. од Куманово пријавило дека на  улица „Лесковачка“, засега непознато лице од возило со пиштол испукало неколку пати во воздух во движење и продолжило кон населбата „Јане Сандански“.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
11.06.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега