Пожар во близина на Стоби - отпушок од цигара ја запалил сувата трева

Пожар ги зафати тревите и жбуновите покрај железничката пруга на потегот во близина на неготинското селото Црвени Брегови кон Стоби.

- Според првичните сознанија пожарот најверојатно го предизвикал отпушок од цигара оти пламени јазици ја зафатиле тревата околу железничката пруга веднаш штом поминал возот по железницата. Успешно се координираат сите надлежни служби и можам да кажам дека успеавме да не се дозволи пожарот да ги зафати дрвените прагови на железничката пруга иако имаше и некои изгорени.Што е уште поважно, се успеа да се спречи ширењето на пожарот кон населеното место Црвени Брегови, изјави Сашко Јанев, секретарот во општина Неготино.

Тој истакна дека доколку изгореле дрвените прагови на пругата железничкиот сообраќај би бил во прекин

Претставници на локалната самоуправа се на терен заедно со пожарникарите и будно ја следат состојбата и ја координираат акцијата за гаснење на пожарот.

- На терен сме со две противпожарни возила, шест пожарникари и пет работници од шумското стопанство, рече Иле Илиев, командир на противпожарната единица Неготино

најчитано сега