Кривична за директорка од Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 53-годишниот М.С. кој е директор на Основното училиште „11 Октомври“ за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, во својство на одговорно лице во периодот од 2011 до 2015 година во повеќе наврати и на различни начини ја злоупотребила службената положба со неизвршување на својата службена должност при што како резултат на истото во училиштето се појавил недостаток на компјутерска опрема. Таа не ја осигурала опремата од секаков вид на штета и кражба и не ја вовела во материјалната и книговодствена евиденција, а исто така не пријавила до надлежните органи. Пријавената без одлука од училишниот одбор склучила два договори на дело во 2013 и 2014 година со Н.Н. од Куманово кого го ангажирала за одржување на компјутерската опрема и за истото му исплатила 53.500 денари од сметката на училиштето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа