Битолчанецот кој се самозапали лелекал: „Оставете ме да умрам, зошто ме спасувате"

 

Зошто ме спасувате, оставете ме да умрам! Со овие зборови битолчанецот Никола М. им се обратил на лекарите кои му го спасија животот откако се самозапали пред Судот, пишува денеска Дневник.

67-годишниот битолчанец се поли со бензин и се самозапали, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удри во скалите од зградата на Основниот суд – Битола. Очевидците на настанот, неколку жители кои излегувале утрото на молитва во џамија, велат дека не знаеле дека во запалениот автомобил има човек.

Тие тргнале да си одат кога виделе запален автомобил и пожарна. Слушнале тресок, а возилото се забило во столб. Го земале противпожарниот апарат од судот за да помогнат.

- Човекот викаше, Зошто ме спасувате, оставете ме да умрам. Го туркавме возилото за да се спаси човекот. Покрај сите повреди се исправи на нозе, мора да е силен човек, велат сведоците за Дневник.

По ова брзата помош го однела на скопските Клиники.

 

 

 
 
22.06.2016 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега