ФОТО: Поранешниот амбасадор Агрон Буџаку доживеа сообраќајка
Пијан возач удрил во возилото на поранешниот македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, пренесува „24 вести“. Возачот, чие пијанство се утврдило на лице место почнал и да се заканува.
Како што пренесува телевизијата, пијаниот возач во еден момент се обидел и да побегне. Тој седнал во своето возило додека полицајците вршеле увид, а го забележале дури откако се обидел да го запали моторот.
Несреќата се случила кај зградата на УЈП, а Буџаку апелира и до возачите и до надлежните да обрнат внимание на овој проблем зошто на тој пешачки поминуваат многу деца, а ваквите возачи претставуваат голем ризик за нивните животи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа