ТРАГЕДИЈА: Исчезнатиот охриѓанец пронајден мртов
Лицето кое беше пријавено за исчезнато од селото Селиште во атарот на Велестово, е пронајдено мртво. Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 30 минути од страна на волонтер од единицата за спасување при Црвен Крст-Охрид, пронајден бил машки леш. По извршената идентификација од сопругата, потврдено е дека тоа е 64-годишниот К.Ф. од селото Рача охридско.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар-Битола каде ќе се изврши обдукција. Таа ќе покаже во какви околности настапила смртта.
22.06.2016 - 12:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа