Две тешки кражби: Жена од Свети Николе направи парче
42-годишната Ј.Ј. од Свети Николе заработи кривична за кражба. Таа преку незаклучена влезна врата влегла во куќа во селото Горобинци, светиниколско, сопственост на Н.Д., и од комодата во дневната соба одзела 17.000 денари, а од детската соба од паричник одзела 165 евра и 21.900 денари.
Исто така, во Кочани, поднесена е кривична против 20-годишниот С.Р. кој со употреба на подесен алат насилно ја отворил споредната влезна врата на магацинска просторија во Кочани, влегол внатре и одзел 55 машки панталони, 43 машки јакни, 4 машки капути, 5 женски јакни, 19 фустани, 19 машки каиши, 38 маици и едно постоље за каиши, со што причинил материјална штета од 193 350 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа