Трагедија ја потресе Македонија: Прегазена жена на патиштата

 

Шеесет и деветгодишна жителка на Гостивар загинала синоќа околу 20 часот и 30 минути при удар од патничко моторно возила „Лада уаз“ управувано од 79-годишен жител на Скопје, информираат од полицијата.

Несреќата се случила на магистралниот пат Гостивар-Скопје, на потегот од Здуњската крстосница со наплатната рампа кај Гостивар. Жената се обидела пешки да помине преку улицата, но при тоа била удрена од возилото, по што починала на самото место.

Екипи на полицијата и јавниот обвинител доцна синоќа вршеа увид на местото на сообраќајката. 

 
 
26.06.2016 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега