Дошол на гости кај зетот - крвав инцидент во Сарај
Во 21 часот и 55 минути во полицијата во Тетово, од страна на лекар од Клиничката болница било пријавено било дека биле донесени 47-годишниот И.Н. од селото Палатница-тетовско, и 31-годишниот С.С. од истото село, кои имале повреди со нож. Според податоците од полицијата, едниот од нив имал убодна рана во пределот на грбот и бил итно пренесен во Ургентниот Центар во Скопје.
Полицијата открила дека 55-годишниот С.Х. од селото Анаркија во Сарај, кој бил на гости кај неговиот зет С.С. започнал вербална расправија со И.Н. при штоизвадил нож со кој му задал удар во пределот на грбот. Домаќинот веднаш рипнал да го земе ножот и се здобил со расекотини.
По настанот С.Х. сам се пријавил во полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа