ХОРОР: 13 кучиња искасапија гостиварчанец

 

33-годишниот Ф.О. од Гостивар заработи кривична за предизвикување на општа опасност.  Тој како сопственик на 500 грла ситен добиток-овци кои ги чувал во Миленските трла атар на селото Милино, светиниколско, во текот на 2016 година не презел мерки за обезбедување на тринаесетте кучиња со врзување и ставање заштитни корпи, кучиња со кои го обезбедувал имотот. Неколку од кучињата го нападнале и искасале лицето С.Ц кое во тој момент се движело кон село Иванковци.

Од нападот тој се здобил со телесни повреди по целото тело констатирани во болницата во Велес. 

 
 
27.06.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега