ФОТО: Тешка сообраќајка пред Алумина - двајца повредени

 

Тешка сообраќајка се случи утрово во 9 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Алумина. Во несреќата учествувале два автомобила - „сузуки свифт“ и „опел астра“, а повредени се две лица., пишува Телеграф.

Порталот повикувајќи се на очевидци јавува дека двете возила се движеле од Центар кон Ѓорче Петров, а „сузукито“ со голема брзина удрило во браникот на „опел астрата“. На улицата се забележуваат долги траги од кочење, што укажува на тоа дека автомобилот се движел со голема брзина.

Од силината на ударот „астрата“ се извртела и завршила на спротивната лента на булеварот.

Од СВР-Скопје за Телеграф велат дека две лица се повредени и истите се пренесени во ГОБ „8 Септември“.

По завршување на увидот ќе бидат познати причините за несреќата.

 

Повеќе фотографии на Телеграф

 
 
28.06.2016 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега