Хорор во Гостивар: Лежела мртва во тоалет со денови
Трагедија го потресе Гостивар. 33-годишниот А.А. пријавил дека на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во неговиот стан, во кој како подстанар живеела 68-годишната Ф.Ј. истата била пронајдена мртва.
Откако жената не била забележана во последните неколку дена, полицијата влегла во станот и во тоалетот била пронајдена подстанарката во коматозна состојба. Од екипа на Итната помош истата била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде околу 23 часот и 20 минути починала.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било сместено во капела за утврдување на причините за смртта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа