Крвав инцидент во Кочани: Си ги искршиле главите

 

Околу 09 часот и 30 минути во Кочани во населбата Оризари, во близина на игралиштето кај местото „Селиште“, се случил инцидент. 61-годишниот Т.С. и 71-годишниот Ј.В.  двајцата од Оризари, по кратка расправија започнале физичка пресметка во која најпрвин Ј.В со остар предмет замавнал кон Т.С. и му нанел посекотина во пределот на стомакот по што тој се разбеснил почнал да го удира со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа продолжиле меѓусебно да се удираат со раце и нозе во пределот на главите и телата, нанесувајќи си видливи повреди.

Т.С. се здобил со расекотина во пределот на стомакот и скршеница на десната дланка, додека Ј.В се здобил со контузии на главата и градниот кош и оток на десното око.

По целосно расчистување на случајот, против учесниците ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 
28.06.2016 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега