Попоски: Македонија води разговори за името бидејќи сака да биде дел од ЕУ и НАТО

Членството во ЕУ и НАТО се стратешки цели на Македонија, а спорот за името е пречка на тој пат, и затоа Македонија води разговори за името, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски во обраќањето пред учесниците на Четвртата Глобална конференција на ОМД осврнувајќи се на македонската надворешна политика од осамостојувањето до денес.

- Бараме решение со нашиот јужен сосед затоа што сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Покрај, тоа што во учебникот пишува дека тоа е базирано на меѓународно право има едно друго, многу посилно право, а тоа е кога сте внатре во клубот можете да имате однесување кое не ви е дозволено кога сте надвор од клубот. Парадоксот е тоа што ние имаме кристално чисто досие и ги исполнуваме сите критериуми во однос на нашиот јужен сосед, но повторно го немаме консензусот во Советот, односно Грција сепак обезбедува да нема едногласна согласност за да добиеме почеток на преговори и е нешто што е толерирано, вели Попоски

- Токму затоа треба да го задржиме најсилниот наш аргумент дека сме во право, ги исполнуваме критериумите, а тоа не го велиме ние затоа што така ни одговора, туку го вели најрелевантниот орган на ОН во делот на меѓународното право, Меѓународниот суд на правдата со пресудата од декември 2011, каде јасно кажува кој е, а кој не е во право, кој го прекршил договорот, кој не и што може да се очекува од нас и од нив. Тоа колку треба да го почитувате или не повторно зависи дали сте внатре или не. Значи имате еднакви и поеднакви, појаснува шефот на дипломатијата.

- Тоа што е во нашиот Устав и е потврдено со референдумот не може да се промени на никаков друг начин, освен на истиот метод како е утврдено. Нашиот аргумент е дека имаме меѓуанродно правно чисто досие. Бидејќи припаѓаме на семејството на демократии и држави со пазарна економија нема друг начин на кој може да се смени и ние од тој аспект немаме зошто да стравуваме од каква било опасност. Она за што вложуваме напори да најдеме решение за името со нашиот јужен сосед е нашата аспирација да бидеме член на НАТО и на ЕУ и тами вложуваме максимлани напори. Ништо друго не можат да променат иврз ништо друго не можат да влијаат затоа што имаме чисто досије, порача Попоски.

Тој се осврна и на приоритетите на Македонија за градење просперитетна држава.

- Успех за Република Македонија е што сме израснале како актер „ќе го биде нема да го биде“ во придонесувач на градење на глобален мир на светско ниво, дека сме исполниле голем дел од критериумите за зачленување во евроатланстксиот клуб, дека имаме изградени здрави односи со сите актери кои припаѓаат на тоа семејство и се надеваме да градиме и со оние кои ни ги поставија пречките за да не можеме да го реализираме тоа, односно ќе продолжиме да се однесуваме одговорно и конструктивно и кон соседот кој ни го отежнал во значителна мерка тој пат, рече Попоски.

ФОТО: МТВ