Проверете дали вашата населба утре ќе биде во мрак

Корисниците од Арифи Бетон, Сервис Бутел ЈП Водовод, Гробишта Бутел утре од 9 до 11 часот ќе бидат без струја.

В понеделник без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат дел од корисниците од село Арнакија, во општина Сарај. 

Од 8:30 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Даме Груев“ број 7, блок 4, (Градски ѕид кај Беко).

Во временскиот период од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Скупи“ подулица бр.6 во општина Карпош.

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓурчин Кокале“ во општина Ѓорче Петров. 

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.

 
 
08.07.2016 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа