Македонската полиција уапси двајца дилери на дрога
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 од Кривичниот законик.
Како што соопштуваат во исто време до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1- Скопје, предложена е мерка- притвор.
Осомничените, со различни возила во четвртокот биле пресретнати на магистралниот пат Ресен – Охрид. Кај осомничениот Б.Д. кој го управувал патничкото моторно возило марка Опел Зафира со гевгелиски регистарски таблички, биле пронајдени 29,725 кг наркотична дрога – марихуана, додека осомничениот М.А. – поранешен полицаец со патничко моторно возило Пежо 607 со гевгелиски регистарски таблички бил во улога на чистач на патот. Осомничените организирале мрежа на препродавачи и дистрибутери на наркотична дрога со непознати лица од Република Албанија. Дрогата требало да ја преземе лице од Албанија и да ја дистрибуира од Охрид преку Градско до Велес.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа