Со дегустирање вкусно сирење ќе почне Денот на одгледувачите на овци

 

Со дегустација на традиционални бели овчи сирења, попладнево почнува неофицијалниот дел од 11. Ден на одгледувачите на овци „Маврово - Ростуше 2016“.

Манифестацијата продолжува утре, со прогласувањето на најдобрите производители и официјалната програма која предвидува изложба на шарпланинци, натпревари во стрижење и молзење овци, избор на најдобар овен, презентација на производи од волна,...

Овчарските денови традиционално ги организира Регионалното здружение на одгледувачи на овци од Западна Македонија, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Годинава за оваа намена се обезбедени 300.000 денари.

Манифестацијата ќе се одржи во ски-центарот Маврово, а организаторите најавија и т.н. овчарска закуска за 200 лица.

 
 
15.07.2016 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега