Температурите повторно ќе растат: Што ќе се случува денеска со времето?

 

 

Денеска е вторник, 19 јули 2016 година, 201-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 165 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 14 минути, а ќе зајде во 20 часот и 5 минути.

Денов трае 14 часа и 51 минута.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 19 часот и 31 минута, а ќе зајде во 4 часот и 44 минути.

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој најизразен ќе биде долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје променливо облачно со подолги сончеви периоди и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на температурата.

 
 
19.07.2016 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега