СДСМ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните за гасификацијата?

Доколку верувавме само на дезинформациите и надежите на власта, Македонија ќе беше гасифицирана уште во 2010 година. СДСМ искрено се надева дека ќе дојде до реализација на проектот за гасификација на Македонија, но после седум години јавноста заслужува конкретни и точни информации, со оглед на тоа дека:

• Заменик премиерот Ставрески на почетокот на 2007 година најави дека Владата потпишала Договор со руската Влада за порамнување на Клириншкиот долг и дека работни тимови на Гаспром и експерти од Македонија ќе работат заедно на проектот за гасификација на Македонија;

• Потоа Ставрески најавува дека изградбата на гасоводот ќе почне во ноември 2007 година;

• Повторно Ставрески само неколку месеци подоцна вели дека изградбата ќе почне на пролет 2008 година;

• Потоа Ставрески вели дека Македонија ќе се гасифицира најдоцна до 2010 година;

• Во 2009 година владите на Македонија и Руската Федерација, согласно тогашните изјави на нашите владини претставници, по втор пат се договараат за исплатата на Клириншкиот долг;

• Во таа прилика Ставрески изјавува дека изградбата на гасоводот ќе почне во 2010 година

• Во 2010 година овој пат премиерот Груевски изјавува дека гасификацијата ќе почне во 2011 година;

• Повторно Груевски во јули 2012 година не уверуваше дека иградбата на гасоводот ќе започне на крајот на 2012 година итн.

Денес е 28 јули 2013 година и СДСМ заедно со целата јавност ги бара следните информации од Владата:

• За што точно потпишаа Договор Владите на Македонија и Руската Федерација во текот на минатата недела? Бараме Владата да го објави Договорот.

• Согласно која физибилити студија ќе се гради гасоводот?

• Која е трасата по која ќе минува гасоводот низ Македонија и кои градови ќе бидат опфатени со гасификацијата?

• Кога очекува Владата Македонија целосно да биде гасифицирана?

Секоја Влада, доколку навистина е сериозна во намерата да ја гасифицира земјата би трабало уште денес да ги има и да ги сподели со јавноста бараните информации.

Интегрален текст од реакција на СДСМ.

 

најчитано сега