Димовски: Судските органи со поголемо внимание да му се посветат на случајот Кежаровски

-ВМРО-ДПМНЕ, како пратеничка група и како политичка партија би го прифатила позитивно доколку Јавното обвинителство и судските органи со поголем степен на внимание околу сензибилитетот на случајот Кежаровски пристапат и ги разгледаат сите аспекти кои што ги укажуваат повеќе општествени фактори, рече денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Ние, истакна Димовски, како пратеничка група и како партија со внимание го следиме овој случај, кој што очигледно има сериозен и значеан сензибилитет за нашето општество од аспект на состојбите во медиумите и од аспект политичката борба, која што, додаде пратеникот, и ние ја водиме во смисла на подобрување на стандардите и аспектите на работа на новинарите и медиумите во Република Македонија.

Димовски побара од Јавното обвинителство и судските органи сериозно да му се посветат на овој случај.

  - Би сакале да потенцираме дека не сакаме и се обидуваме секогаш да не се мешаме во одлуките на судските органи  и на Јавното обвинителство на Република Македонија, без разлика за која личност тие имаат поведено постапка денес, пред една, две или пет години. Тој принципиелен однос на ВМРО-ДПМНЕ верувам дека е осведочен и од вас, како преставници на медиумите. Но во овој случај би сакале да потенцираме дека би го разбрале позитивно и би го прифатиле позитивно, доколку јавното обвинитеслво и судските органи пристапат со поголем степен на внимание околу сензибилитетот на случајот на Кежаровски и ги разгледаат сите аспекти кои што ги укажуваат повеќе општетсвени фактори, истакна Димовски.

Тој потенцираше дека не сите, кои денеска или во минатите денови, облекоа маици “Слобода за Кежо“ имаат иста агенда.

  -Би сакал да потенцирам дека одредени политикчки партии го злоупотребуваат овој случај на крајно неприфатлив и некоректен начин, не со цел  да помогнат на некого, туку со цел да наштетат на дугите политички партии. Затоа апелираме овој случај да не биде ставен во рангот на дневнополитичките пресметки помеѓу политичките партии. На тој начин, очигледно и се искривува и се злоупотребува оној аспект кој што новинарите и сите новинарски здруженија сакаат да го наметнат во општетството, истакна Димовски на денешната прес-конференција.

ФОТО: vmro-dpmne.org.mk

 

 

најчитано сега