Папата Франциск со сочуство за настраданите од поплавите во Скопје

Папата Франциск преку државниот кардинал Пјетро Паролин испрати телеграма до скопскиот бискуп Киро Стојанов, со која изразува сочуство до настраданите во временската непогода, која пред неколку дена се случи во Скопје и во околните населени места.

Во телеграмата се вели дека неговата светост испраќа свој апостолски благослов, истражувајќи ја својата духовна блискост за сите оние кои ги изгубиле своите животи и се моли за оние кои постадале од последиците од невремето.

-Информирани за драматичното невреме што го погоди градот и околните населени места, предизвикувајќи длабока бол на целата заедница во земјата, светиот отец папа моли да ги пренесете до тешко погодените семејства на починатите, неговите изрази на длабоко сочуство, истажувајќи ја својата духовна блискост до ожалостените.Неговата светост моли за сите оние кои ги загубија своите животи и додека повикува небесна утеха за оние кои пострадаа од последиците од невремето до сите испраќа свој апостолски благослов, стои во телеграмата.

 
 
10.08.2016 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа