СКАНДАЛ: Дара Бубамара го измислила разводот

Фолкерката Дара Бубамара ладно измислила дека се развела. Пејачката прво ги потврди гласините за распад на бракот со Милан Кесиќ, а вчера ги демантираше.

-Точно е дека се разведов, но се уште не сакам да зборувам за тоа. Изјави ќе давам кога ќе дојде време – изјави Дара пред четири дена.

Таа наводно се развела пред една година, но тоа го криела како би го заштитила синот и семејството. Извор близок на Дара изјавил дека приказната за развод и оди од рака.

-Супер е што пишуваат дека сум се развела, сега веќе нема да пишуваат со кого се гледам и што правам. Немам маж, немам кого да изневерувам, па сега приказните за неверства, паѓаат во вода – рекла Дара на пријателите кога ја прашале зошто го криела разводот од нив.

Меѓутоа темпераментната пејачка веќе вчера ја демантираше приказната пласирана четири дена порано.

-Тоа се се будалаштини. Пишуваат за мене што ќе стигнат. Не можам веќе да демантирам, јас ќе тужам и одам понатаму. Секое чудо за три дена – изјавила Дара која изгледа се покајала поради приказните за развод.
Дара на турнеите и одморите оди сама, а маж и наводно и ги простил аферите, дури и порно фотографиите.

 
 
20.08.2016 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега