Шест години бил убеден дека е во врска со славната пејачка, но потоа ја дозна суровата вистина

Американската пејачка Кејти Пери моментално е во врска со актерот Орландо Блум, но таа не знае дека уствари цело време била во уште една врска.

Спенсер Морил е убеден дека бил во врска 6 години со Кејти, иако никогаш не ја запознал, ниту видел, освен што еднаш зборел со неа преку телеофон.

„Би сакал да ја видам и да дознаам дали има надеж. Таа е доста духовита и попаметна од мене. Не знам дали луѓето ја сфаќаат озбилно. Таа е полна со живот, има големо срце“, изјавил Спенсер, пренесува Метро.

Имено, Спенсер беше дел од сурова шега која ја разотки емисијата Кетфиш. Тие му објасниле дека личноста со која се допишува преку мејл и со која се слушнал не е Кејти Пери.

Емисијата се занимава со луѓе кои створиле и одржувале врски преку социјалните мрежи, но често биле прелажани.

 
 
20.08.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега