Јадете печурки за сјајна и мека коса

Внесувањето на квалитетни намирници во организмот е клуч за здравјето на организмот, а балансираната исхрана ви помага не само да го засилувате организмот, туку и да одржувате здрава линија.

Ако сакате во текот на летните денови дополнително да го засилите организмот потребно е да внесувате неколку работи:

Печурки = сјајна коса

Печурките се одличен извор на витаминот Д кој помага да се симулира растот на фоликулите на косата. Комбинирајте ги во вашите сендвичи, месото или во вашите салати.

Бразилски ореви = силна антиоксидација

Обој плод е достапен во речиси сите продавници за здрава исхрана и претставува одличен извор на селен кој ја прави кожата почиста. Но, треба да внимавате да не ги консумирате во големи количини.

Алое вера = нахранета кожа

Алое верата помага во спречувањето на пероксидацијата на липидите, а со тоа го спречува и оштетувањето на клетките на кожата. Таа е природен лек за акните, овозможува хидратација, а и ја намалува иритацијата на кожата после бричење.

 
 
20.08.2016 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега