ВИДЕО: Презерватив кој е невозможно да се скине

Шведската компанија „ЛЕЛО“ го дизајнираше презервативот „НЕХ“, кој речиси е невозможно да се скине.

Основачот на компанијата Филип Седиќ на прес-конференција ги презентираше предностите на презервативот со обид да го скине со рака, како и да направи дупка со хемикалии, но не успеа во тоа.

„ЛЕЛО“ успеа да изработи квалитетен латексен модел на презерватив кој наликува на саке.

Седиќ тврди дека тоа овозможува при промена на притисокот презервативот да може да се растегнува во шест насоки.

Основната предност на овој модел е што дури и да се појави дупка на некое место, таа ќе си остане во нејзината „шестоаголна клетка“, а нема да доведе да распукување на целиот презерватив.

Овој презерватив е направен со цел да се обезбеди максимална безбедност за време на сексуалниот чин.

 
 
22.08.2016 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега