По заканите за Цеца: Се огласи и најстариот син на Аркан - Михајло ја откри вистината!

Изминатиот викенд беше предизвикан вистински скандал од наводното интервју во еден српски магазин со синот на Аркан, Михајло, па до бројни статуси на Фејсбук на тема Цеца Ражнатовиќ.
 
Но најстариот син на Аркан најпосле се огласи од Шведска за да разчисти за се што се шпекулираше.
 
- Било која информација за навредите од мене и мојот брат кон Цеца, немаат никаква врска, изјавува Михајло.
Во меѓувреме Цеца демантираше дека тоа е профилот на Михајло каде стојат навредите и тоа дека некој си поигрува со нив само за сензација.
 
За да сопре се што се пишува Михајло даде објаснување дека тоа е лажен профил и дека досега во ниеден српски медиум не дал никаква изјава за Цеца.
 
- Целата ситуација ја предавам на полицијата, тие да расчистат за што и кој станува збор. Кога ќе ги пронајдат ќе ги тужам сите, како и медиумите кои ја измислија и пренесоа оваа лага!, се изјасни Михајло Ражнатовиќ.
 
 
23.08.2016 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега