Сигурно го имате доживеано: „Дежа ву“ има своја спротивност и се вика „жаме ву“

„Жаме ву“, е поим кој има спротивно значење од „дежа ву“, а значи „никогаш видено“ на француски.

Тоа се однесува на моментот кога имате чувство дека нешто никогаш порано не сте го виделе, но би требало да ви биде познато. Тоа се случува кога на пример гледате во еден збор доволно долго, за тој да ви стане бесмислен или чуден.

Доктор Крис Мулин, истражувач од Велика Британија, проценува дека 60 проценти од луѓето доживеале „жаме ву“.

Тоа чувство успеал да го предизвика така што субјектите кои учествувале во истражувањето, еден збор го пишувале одново и одново.

 
 
23.08.2016 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега