Хуманитарен концерт во Метрополис Арена за поплавените скопјани

Утре во Метрополис Арена во Скопје ќе се одржи голем хуманитарен концерт за нашите сограѓани кои беа зафатени од големото невреме.

На хуманитарниот концерт ќе настапат: Есма Реџепова, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ирена Спасовска, Ибуш Ибраимовски, Анета Наковска, Марјан Коцев, групата Соната, Гоце Касаповски, Јордан Митев, Биба Додева, Маја Вукичевиќ, Наде Талевска, Викторија Лоба, Јоце Панов, Александар Белов, Дарко Илиевски, Симона Поповска, Филип Божиновски, Ален Хасановиќ, Боби Мојсовски, Мите Стоилов, Трајче Ѓорѓиев, Адам Лабунски, Нуне Брадс, ПУКА козметика и многу други.

Цената на билетите е симболични 200 денари. Истите можат да се набават на mktickets.mk и на следните продажни места: Југотон, Универзална сала, Тобако МПМ пресс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Дрво декор, Тобако Гоги Драчево, Нептун во Сити мол, Нептун на стадион, Нептун кај Бриколаж и Њу тобако во Охрид.

Концертот започнува во 20 часот и предвидено е да трае до 23:00.

 
 
29.08.2016 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега