Санирано свлечиштето во Студеничани

Заврши  регулацијата на коритото на реката Мериз во централното подрачје на селото Студеничани при што се изградени потпорни ѕидови од двете страни на реката, а санирано е и нестабилното свлечиште во горниот дел на селото со примена на најсовремени методи за стабилизација и заштита од свлекување.

Како што информираат од УСАИД Македонија и Милеуконтакт Македонија, проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени им помогна на граѓаните на Студеничани да станат поотпорни на климатските промени при соочување со појави како поплави, ерозија и лизгање на земјиштето, како и да се избегнат можни материјални штети и човечки загуби во иднина.

За овој пилот проект УСАИД донираше 82 илјади долари, а општината учествуваше со 20 илјади долари.

 
 
28.09.2016 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега