Градот блокиран - врие специјалци низ центарот на Скопје
Центарот на Скопје повторно е опколен со полициски специјалци. Утрово главните сообраќајници беа тешко проодни, па граѓаните до работните места патуваа повеќе од двојно подолго од вобичаеното.
Причиназа тоа е што денеска продолжува судскиот процес против терористите со кои лани во Куманово се справи Министерството за внатрешни работи. Рочиштето што денеска треба да се одржи во просториите на Врховниот суд, поради големиот интерес е отворено за јавноста.
Обвинетите како сведоци ги бараат лидерите на ДУИ и на Достоинство, Али Ахмети и Стојанче Ангелов.
Во ланските вооружени инциденти во т.н. Диво насеље во Куманово, загинаа 8 припадници на полициските единици.
Обвинителниот акт товари 37 лица за тероризам и логистичка поддршка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа